Турски бизнисмени ќе инвестираат во Неготино

Bez autora
Oct 03 2013

Откако Општина Неготино понуди на продажба градежни парцели, интересот за инвестирање расте од ден на ден. Турски бизнисмени кои вчера се сретнаа со градоначалникот Ванчо Апостолов велат дека сакаат да купат земјиште на кое имаат намера да изградат стопански објект за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи. Турците најмногу се заинтересирани да инвестираат во земјоделските култури, пред се' во овоштарството и тоа преку отворање ладилник во областа „Илјадарка“ во Неготино. Градоначалникот Апостолов вели дека со оваа инвестиција ќе се мотивираат земјоделците да им се посветат токму на оние земјоделски гранки кои ќе бидат во интерес на потенцијалните инвеститори.

Турски бизнисмени ќе инвестираат во НеготиноОткако Општина Неготино понуди на продажба градежни парцели, интересот за инвестирање расте од ден на ден.

Турски бизнисмени кои вчера се сретнаа со градоначалникот Ванчо Апостолов велат дека сакаат да купат земјиште на кое имаат намера да изградат стопански објект за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи. Турците најмногу се заинтересирани да инвестираат во земјоделските култури, пред се' во овоштарството и тоа преку отворање ладилник во областа „Илјадарка“ во Неготино.

Градоначалникот Апостолов вели дека со оваа инвестиција ќе се мотивираат земјоделците да им се посветат токму на оние земјоделски гранки кои ќе бидат во интерес на потенцијалните инвеститори.

Инаку, Општината нуди на продажба вкупно 6 градежни парцели од кои 3 се наменети за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи, а останатите 3 се за објекти од лесна индустрија.

Деновиве бизнисмени од Турција беа во посета и на општините Кавадарци и Росоман. Засега се знае само дека се заинтересирале за фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Скок трејд“ која се наоѓа во Росоман.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik